Дописници МКДОпштински вести

Кинеската амбасада донираше опрема за видео пренос на седниците на Советот на Општина Виница

Амбасадата на Народна Република Кина обезбеди донација за Општина Виница во која е вклучена современа дигитална опрема за видео снимање и пренос во живо на седниците на општинскиот Совет.

Виница, 27 мај 2022 (МИА) – Амбасадата на Народна Република Кина обезбеди донација за Општина Виница во која е вклучена современа дигитална опрема за видео снимање и пренос во живо на седниците на општинскиот Совет.

Опремата е веќе инсталирана и во иднина, преку интернет платформите и социјалните мрежи, граѓаните ќе можат директно да ги следат дискусиите и работата на советниците.

-Добивме две видео камери, аудио и видео миксер, микрофони, информатичка опрема и други помошни уреди со кои се овозможува реализација на видео пренос во реално време. Веќе е завршена обуката за едно лице кое ќе работи со опремата и ќе го обезбедува преносот во живо преку интернет. Веќе од наредната седница на Советот добиената опрема ќе биде ставена во функција. Сметаме дека со воведувањето на оваа можност, значително ќе ја подобриме транспарентноста и отчетноста во работењето на локланата самоуправа, како еден од приоритетите што си ги поставивме, истакна Миле Петков, градоначалник на Виница.

За набавка на опремата, меѓу другото, беше разговарано при посетата на кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо, кој во Виница дојде во почетокот на март годинава.

Општина Виница беше една од ретките во државата кои немаа видео запис или директен пренос од седниците на Советот, а за неговото работење граѓаните се информираа само преку медиумите и од општинската веб-страница.та/са/

Back to top button
Close
Close