0_Спорт.ПорталРакометСпортСпорт.Слајдер

Кевин Молер: Никогаш не е лесно против Франција

Голманот на Данска, Кевин Молер, по синоќешниот пораз од Франција на Европското првенство во ракомет, рече дека не е лесно да се игра против „триколорите“ ниту кога се има големо водство во текот на натпреварот.

Будимпешта, 27 јануари 2022 (МИА) – Голманот на Данска, Кевин Молер, по синоќешниот пораз од Франција на Европското првенство во ракомет, рече дека не е лесно да се игра против „триколорите“ ниту кога се има големо водство во текот на натпреварот.

Данците во повеќе наврати имаа пет голови предност, водеа со 27:22 до десетина минути пред крајот, но Французите со пресврт во финишот и серија од 8:2 остварија победа со 30:29 и се пласираа во полуфиналето, оставајќи го Исланд на третото место во групата.

– Никогаш не е лесен натпревар против Франција. Имавме неколку тесни натпревари во последните неколку години. Ние игравме добро во првото полувреме, додека тие во второто. Колку што бевме добри во одбраната во првиот период, Франција беше подеднакво добра во нападот и во вториот. Дадоа премногу лесни голови и тоа не уништи денес, изјави Молер.

Данска и покрај поразот ќе игра во полуфиналето.

Двојки за полуфиналната фаза:
Франција – Шведска
Данска – Шпанија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close