0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Кварацхелија: Моите соништа се остварија, играм во Лигата на шампионите и давам голови

Фудбалерот на Наполи, Квич Кварацхелија се огласи по победата на Наполи над Ајакс (6:1) синоќа во Амстердам во 3. коло од Лигата на шампионите.

Амстердам, 5 октомври 2022 (МИА) – Фудбалерот на Наполи, Квич Кварацхелија се огласи по победата на Наполи над Ајакс (6:1) синоќа во Амстердам во 3. коло од Лигата на шампионите.

Грузиецот го постигна петтиот гол за Наполи, а во 64.минута беше заменет со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

-Моите соништа се остварија – играм во Лигата на шампионите и постигнав гол. Многу сум среќен, но важно е и тимот да победува. Ајакс не одигра добро, но генерално е добар тим со многу добри играчи. Тие треба да продолжат да се борат и им посакувам многу среќа.

По три кола, Наполи е лидер на табелата во А-групата со максимални девет бодови, Ливерпул е втор со шест, Ајакс има три, последен е Ренџерс без ниту еден бод. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close