0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерТенис

Квалификациите за Австралија Опен 2022 може да се одложат за декември и да се одржат на Блискиот Исток

Квалификациите на Австралија Опен 2022 може да се одржат на Блискиот Исток, како и оваа сезона. Според „Тајмс“, организаторите размислуваат за таква опција со цел да се намали бројот на специјални покани за Австралија што ќе треба да им бидат доделени на учесниците на турнирот и нивните тимови.

Мелбурн, 22 септември 2021 (МИА) – Квалификациите на Австралија Опен 2022 може да се одржат на Блискиот Исток, како и оваа сезона. Според „Тајмс“, организаторите размислуваат за таква опција со цел да се намали бројот на специјални покани за Австралија што ќе треба да им бидат доделени на учесниците на турнирот и нивните тимови.

Планирано е квалификациите да се одржат на крајот на декември, во периодот на католичкиот Божиќ. Ова ќе им овозможи на играчите однапред да патуваат во Австралија за да се натпреваруваат на други натпревари.

Главниот турнир Австралија опен започнува на 17 јануари. Се очекува да бидат организирани специјални летови од голем број градови низ светот за учесниците на австралиските натпревари. Границите во Австралија сега се затворени и има голем број ограничувања поради коронавирусот. Во моментов не е познато какви услови ќе се создадат за учесниците на Грен слемот во Мелбурн идната година.

Сепак, веќе се очекува дека само оние што ќе имаат позитивни тестови да одат во строг карантин. Оваа година, 72 играчи беа во изолација две недели откако летаа за Австралија со авиони каде што беше пронајден вирусот.

Покрај тоа, условите може да се олеснат за вакцинираните играчи. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close