Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Касами: Депонијата се исчисти пред нашата прес-конференција, ние ќе бидеме посветени на успешен еколошки систем

Позади нас до пред наколку часа имаше дива депонија како што има десетина во градот. Од моментот кога локалната власт слушна дека ние ќе дојдеме со прес-конфренција, ја исчистија оваа депонија. Ние гарантираме дека ќе ги исчистиме сите овие мини депонии по градот, рече Билал Касами, кандидат за градоначалник на Тетово на денешната прес-конференција пред православните гробишта откако со расчистување заврши екипа на комуналното претријатие.

Тетово, 26 октомври 2021 (МИА) Позади нас до пред наколку часа имаше дива депонија како што има десетина во градот. Од моментот кога локалната власт слушна дека ние ќе дојдеме со прес-конфренција, ја исчистија оваа депонија. Ние гарантираме дека ќе ги исчистиме сите овие мини депонии по градот, рече Билал Касами, кандидат за градоначалник на Тетово на денешната прес-конференција пред православните гробишта откако со расчистување заврши екипа на комуналното претријатие.

Касами рече дека Тетово има услови да биде еден од најчистите градови иако денес ги бележи најлошите бројки. Тој посочи дека има план за долготрајно работење во оваа област.

-Под сегашното раководството Тетово успеа да влезе во топ листа на најзагадени градови во светото по загаденост на воздухот. Како резултат на лошо менаџирање има елементарен проблем со собирање, транспорање и и систематизација на отпадот. Тоа овозможи да се формираат диви депонии, неуспех во менаџирање на водата за пиење, сечење дрва, тотален неуспех и неконтрола на загадувачите, рече Касами.

Тој посочи дека има план за долготрајно работење во оваа област.

-Ќе бидеме посветени на успешен еколошки систем, со долгорочна програма и стратегија за понатамошен развој за зачувување на природата и животна средина, Тетово да стане еко општина. Планираме производство на енергија од обновливи извори, јавно приватни партнерство за рециклирање на отпад за целосно остранување на диви депонии. Детален план за поставување на корпи и котенерјнетри кои ќе имаат сензори за исполнетост и ќе намалат трошоци за собирање, рече кандидатот за градоначалник.  

Касами најави проширување на зелени површини, законска одговроност за загадување на животна средина и неконкторално фрлање на отпад, поставување еколошка опрема, мониротинг на, подобро управуање со комунално претријатие и други мерки.ас/бт/

Back to top button
Close
Close