Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Касами: Водиме и ќе победиме во вториот круг во Тетово

Приврзаниците на Движењето Беса на градскиот плоштад заедно со партиското раководство го прославуваат резулататот од првиот круг на локалните избори и тоа што лидерот и кандидат за градоначалник на Тетово Билал Касами успеа да добие гласови за во вториот круг на гласањето. Според изјавата на Билал Касами дадена на плоштадот во Тетово, тој е во мала предност пред Теута Арифи од ДУИ.

Тетово, 17 октомври 2021 (МИА) –  Приврзаниците на Движењето Беса на градскиот плоштад заедно со партиското раководство го прославуваат резулататот од првиот круг на локалните избори и тоа што лидерот и кандидат за градоначалник на Тетово Билал Касами успеа да добие гласови за во вториот круг на гласањето. Според изјавата на Билал Касами дадена на плоштадот во Тетово, тој е во мала предност пред Теута Арифи од ДУИ.

– Очекуваме вториот круг без разлика сите да застанат позади мене затоа што ветувам дека Тетово за четири години ќе биде град на сите, град во кој ќе бидеме горди што живееме, град во кој еднаш за секогаш ќе ги затвориме темите кои се од минатиот век како што е водата, чистота, како што се кучињата скитници. После четири години кој и да сака да се кандидира треба да дискутира за култура, образование, наука, спорт, за живот на младите, ќе треба да зборува за иднината, не за минатиот век за што не принуди актуелната градоначалничка. Како што и досега нашата коалиција беше со народот, со сите граѓани на Тетово, така и понатаму ќе биде со народот. Како што победи овој пат, и во вториот круг народот ќе победи. Ние водиме, тесно водство, но водиме, изјави Билал Касами.

Движењето Беса, членовите и симпатизерите на плоштадот ги прославуваат изборните резултати со музика и огномет.ас/са/

Back to top button
Close
Close