Локални избори 2021Политички партии

Касами: Бараме инвестиции за младите да бидат вработени и да имаат иднина во родниот крај

Кандидатот за градоначалник на Тетово и претседател на Движење Беса, Билал Касами информираше дека при посета на производствен капацитет наишол на голема подготвеност на сопствениците за инвестирање во нов објект во Тетово.

Тетово, 24 октомври 2021 (МИА)андидатот за градоначалник на Тетово и претседател на Движење БесаБилал Касами информираше дека при посета на производствен капацитет наишол на голема подготвеност на сопствениците за инвестирање во нов објект во Тетово. 

– Ги разгледуваме можностите за инвестиции во Тетово со цел младите да бидат вработени и да имаат иднина во својот роден крај.Jа посетив компанијата Пестова, еден моќен преработувачки капацитет на земјоделски прозводи, која изрази подготвеност да ивестира и во Тетово, каде се очекува да се отворат околу 60 нови работни места, потенцира Билал Касами.

Во рамки на предизборните активности тој вчера ги посети и изборите штабови Порој, Џепчиште, Дреновец, Миѓени, Центар и Горна Чаршија.

-Изборните штабови и натаму продолжуват да работат без престан за големата победа на 31 октомври, рече Билал Касами.ас/лв/

Back to top button
Close
Close