0_Спорт.ПорталКошарка

Кармело Ентони се искачи на деветтото место на листата најдобри стрелци во НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Кармело Ентони се искачи на 9. место според бројот на постигнати поени во НБА-лигата.

Лос Анџелес, 25 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Кармело Ентони се искачи на 9. место според бројот на постигнати поени во НБА-лигата.

На натпреварот против Мемфис (121:118) одигран рано утрово, Ентони постигна 28 поени и стигна до 27 423 поени во кариерата. Тој го престигна легендарниот Мозес Мелоун (27 409).

Вклучувајќи го и Ентони, седум од деветте НБА играчи со највисоки перформанси играле за Лејкерс во одреден сегмент од нивната кариера. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close