Дописници МКДОпштински вести

Кардиолошкиот завод во Охрид го одбележа Светскиот ден на хипертензијата

Под мотото „Мерете го вашиот крвен притисок редовно контролирајте го живејте подолго!“ со мерење крвен притисок на сите присутни во амбулантите на Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања - Охрид и давање совети за правилно мерење притисок денеска оваа здравствена установа го одбележа Светскиот ден на хипертензијата - 17 мај.

Охрид, 17 мај 2022 (МИА) – Под мотото „Мерете го вашиот крвен притисок редовно контролирајте го живејте подолго!“ со мерење крвен притисок на сите присутни во амбулантите на Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид и давање совети за правилно мерење притисок денеска оваа здравствена установа го одбележа Светскиот ден на хипертензијата – 17 мај.

Како установа, која најдиректно и секојдневно е вклучена во борбата со оваа болест, болницата за кардиоваскуларни заболувања соопшти дека се придружува во напорите за подигнување на свеста за огромната важност на адекватниот третман.

– Во борбата со хипертензија модерната медицина и фармација имаат на располагање широка палета исклучително ефикасни и безбедни лекови. Да не дозволиме и покрај тоа илјадници луѓе годишно да страдаат од тешки последици или да го губат животот заради покачен крвен притисок. Да бидеме сите одговорни, порачуваат од болницата, нагласувајќи дека граѓаните не треба да чекаат посебен повод за повремено да го контролираат притисокот.

Повикувајќи се на статистички податоци, информираат дека една четвртина од возрасните жени и четворица од десет мажи во САД имале покачен крвен притисок.

– Дури и во земјите со најразвиени здравствени системи третманот е субоптимален. Кај нас состојбата е уште полоша. Покачениот крвен притисок доведува до оштетување на низа органи и органски системи (срце и крвни садови, мозочен удар, бубрези…) и е виновник на огромен број смртни случаи кои е возможно да се превенираат. За тоа да се случи потребно е подигање на свеста за потребата за редовно контролирање и третман на оваа болест, истакнуваат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид. сс/нд/

Back to top button
Close
Close