Дописници МКДОпштински вести

Кардиоваскуларната болница во Охрид од понеделник повторно ќе прима ковид-пациенти

Од понеделник Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид повторно ќе работи како ковид-центар, поради зголемениот број лица инфицирани со коронавирусот во градот.

Охрид, 28 јануари 2022 (МИА) – Од понеделник Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид повторно ќе работи како ковид-центар, поради зголемениот број лица инфицирани со коронавирусот во градот.

Според последните податоци, во Општата болница во Охрид се сместени 43 лица заболени од Ковид-19 така што се пополнети капацитетите на установата за прием и третман на тој вид пациенти.

Директорот на Општата болница, Горан Балевски, вели дека притисокот врз установата е голем, со дневно и над 150 амбулантски прегледи, а исполнети се одделенијата за инфективни и интерни болести.

Тој појаснува дека установата нема доволно персонал за да ја опслужува модуларната болница, заболени со Ковид-19 има и меѓу вработените, а проблемот со персонал на постоечките одделенија се решава со ротации.

Моментално во Охрид се регистрирани 370 активни случаи на лица инфицирани со Ковид-19. аб/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close