Дописници МКДЛокални избори 2021Политика

Карбинци рекордер во излезноста во Штипско со 58 отсто

Без поголеми технички проблеми течат Локалните избори во Штип, Карбинци, Свети Николе и Пробиштип. Од овие четири општини рекордер во излезноста е малата рурална Општина Карбинци, каде што до 17 часот гласале 58 отсто од граѓаните, а во оваа општина има вкупно 3.215 гласачи.

Штип, 17 октомври 2021 (МИА) – Без поголеми технички проблеми течат Локалните избори во Штип, Карбинци, Свети Николе и Пробиштип. Од овие четири општини рекордер во излезноста е малата рурална Општина Карбинци, каде што до 17 часот гласале 58 отсто од граѓаните, а во оваа општина има вкупно 3.215 гласачи.

Во Штип, според најновите податоци на Државната изборна комисија, гласале 29.794 граѓани или 43 отсто од вкупниот број на граѓани со право на глас, во Пробиштип на гласачките места излезноста е 55 отсто, а во Свети Николе, каде право на гласа имаат 14.567 граѓани, на гласање излегле 51 отсто.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека засега немаат пријавено инциденти на гласачките места. вдј/вј/

Back to top button
Close
Close