Дописници МКДОпштински вести

Карбинци го интензивира процесот на легализација на дивоградби

Во Општина Карбинци се интензивира процесот на легализација на дивоградби, откако барањата на граѓаните биле пет години заглавени во општината, поради недоволна екипираност, односно немање на кадар, кој ќе работи на овие постапки. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека граѓаните кои поднеле барања согласно со предвидениот рок, сѐ уште немаат добено решенија, а дел од документациите не се ни обработени.

Штип, 26 јануари 2022 (МИА) – Во Општина Карбинци се интензивира процесот на легализација на дивоградби, откако барањата на граѓаните биле пет години заглавени во општината, поради недоволна екипираност, односно немање на кадар, кој ќе работи на овие постапки. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека граѓаните кои поднеле барања согласно со предвидениот рок, сѐ уште немаат добено решенија, а дел од документациите не се ни обработени.

-Во овој момент во Општина Карбинци се откочува процесот за забрзување на оние предмети кои што беа поднесувани во минатото од страна на граѓаните за легализација. Формиравме работна група, односно работна комисија која ќе излезе на терен се со цел побрзо завршување. Имено, се работи за многу предмети кои ги наследив, предмети во фиока, неработени пет или шест години во минатото. Во периодот кој следи интезивно ќе работиме на терен, со цел побрзо и поефикасно да ги изработиме и граѓаните да си добијат решенија за легализирани објекти, изјави Паунов.

Во Општина Карбинци во 2019 година имаше над 900 барања, а повеќето од половината беа со нецелосна документација. Проблем за забавување на постапката беше и недоволната екипираност на локалната самоуправа. Бесправно изградени објекти има во речиси сите населени места во општината. вдј/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close