Видео изјаваДописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ Сашко Николов гласаше на избирачкото место

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Сашко Николов заедно со својата сопруга го исполнија своето избирачко право на избирачкото место, кое се наоѓа во близина на градинката „Вера Циривири-Трена“. Николов порача дека денеска е мирен и демокртаски ден.

Штип, 17 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Сашко Николов заедно со својата сопруга го исполнија своето избирачко право на избирачкото место, кое се наоѓа во близина на градинката „Вера Циривири-Трена“. Николов порача дека денеска е мирен и демокртаски ден.

-Денеска нашите штипјанки, штипјани ќе си го одберат својот градоначалник и ќе си ја одберат својата советничка листа, им посакувам на сите мои пријатели, сограѓани на сите наши штипјанки и штипјани убав избирачки ден, како што и денеска не послужи времето без дожд да си го завршиме така учтиво, културно, како што сме познати ние штипјаните. Посакувам честита победа на оној којшто ќе победи и на оној кој ќе го изберат нашите сограѓани. Денеска ги поканувам моите противкандидати Ванчо Санев, Симеон Поликарп и Иван Јорданов на едно утринско кафе да се видиме и да си честитаме убав изборен ден, вели Николов. вдј/мд/

Back to top button
Close
Close