Локални избори 2021Политички партии

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Штип најави решавање на проблемот со кавлитетното водоснабдување

Кандидатот за градоначалникот на СДСМ и коалиционите партнери за Штип, Сашко Николов на денешната прес-конференција пред штипската Филтер станица истакна дека проблемот со водоснабдувањето на населбите Балканска и Чардаклија е решен, а наскоро и како што рече и Македонка веќе ќе има нова реалност.

Штип, 28 септември 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалникот на СДСМ и коалиционите партнери за Штип, Сашко Николов на денешната прес-конференција пред штипската Филтер станица истакна дека проблемот со водоснабдувањето на населбите Балканска и Чардаклија е решен, а наскоро и како што рече и Македонка веќе ќе  има нова реалност. 

Тој посочи дека по приклучувањето на системот за водоснабдување ХС „Злетовица“, градот го реши проблемот со обезбедување доволни количества квалитетна вода за пиење за подолг временски период, но и за идните генерации. Но, останува да се реши дистрибуцијата на водата за пиење од филтер станицата до домовите на штипјани.

Се обврзувам пред целата јавност и пред граѓаните, веднаш по завршување на изборите, ќе се зафатиме со замена на дотраените цевки со нови, што поради обемноста и комплексноста ќе се врши на неколку фази. Ова е проект кој би ги чинел граѓаните околу 300.000.000 денари, а придобивките се огромни, вели Николов.

Порача дека поддршката од граѓаните е голема, праќа порака и мотивира, а како политичка опција го нудат најдоброто за Штип. вдј/нд/

Back to top button
Close
Close