Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Кандидатката на СДСМ за Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска освои најмногу гласови

Во општина Старо Нагоричане во вториот круг од локалните избори влегуваат кандидатката на СДСМ, Жаклина Јовановска со освоени 49,56 отсто од гласовите и кандидатот на ТМРО, Власте Димковиќ со 26,63 отсто од гласовите. На вчерашните локални избори, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Велибор Денковски освои 20 проценти од гласовите.

Куманово, 18 октомври 2021 (МИА) – Во општина Старо Нагоричане во вториот круг од локалните избори влегуваат кандидатката на СДСМ, Жаклина Јовановска со освоени 49,56 отсто од гласовите и кандидатот на ТМРО, Власте Димковиќ со 26,63 отсто од гласовите. На вчерашните локални избори, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Велибор Денковски освои 20 проценти од гласовите.

Само девет гласа ја делеа Јовановска од победа во првиот круг.

Излезноста во оваа општина била 58,71 отсто од вкупен број на 3.262 избирачи.

Во советот на оваа рурална општина, СДСМ освои 39,43 проценти, ТМРО 20, ВМРО-ДПМНЕ 15.56 проценти, група избирачи Бојан Трајковски 8,62 проценти, Единствена Македонија 4,54, Левица со 3,45 и Интегра со 2,82 проценти.ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close