Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Казнети 41 возач за брзо возење на подрачје на СВР Куманово

СВР Куманово за шест часа казниле 41 возач, од кои 18 во Куманово, 13 на подрачјето на Крива Паланка и десет во Кратово, соопштија денеска од СВР Куманово.

Куманово, 26 ноември 2021 (МИА) – СВР Куманово за шест часа казниле 41 возач, од кои 18 во Куманово, 13 на подрачјето на Крива Паланка и десет во Кратово, соопштија денеска од СВР Куманово.

Засилената акциска контрола за санкционирање возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната била спроведена вчера во периодот од 08.00 до 14.00 часот.

Полицијата информираше дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и наредните денови. ам/цр

Таг
Back to top button
Close
Close