Граѓански секторДописници МКДОпштински вести

Кавадарчани донираа прехранбени производи во Банка за храна

Под мотото „Подари хуманост, донирај храна", кавадарчани денеска донираа прехранбени производи во Банка за храна.

Кавадарци, 29 јуни 2022 (МИА) – Под мотото „Подари хуманост, донирај храна”, кавадарчани денеска донираа прехранбени производи во Банка за храна.

Хуманитарниот настан беше организиран од страна на Банка за храна МК-Кавадарци, со покровителство на Банка за храна Македонија од Скопје, финансиран и поддржан од „Сивика Мобилитас”, појаснија од банката.

– Настанот беше всушност мобилизација на Кавадарци против гладот и сиромаштијата и заеднички стремеж со општината Кавадарци, кон една цел, „нула глад” во нашата општина, изјавија од Банка за храна МК-Кавадарци.

Администратор на Банка за храна Кавадарци, што постои три ипол години, е регионалното еколошко друштво „Еко-живот”.

Од Банка за храна потсетија дека редовно преку општествено одговорни компании, собираат прехранбени производи, кои потоа ги распределуваат кај лица и семејства во социјален ризик. свд/цр

Таг
Back to top button
Close
Close