Дописници МКДОпштински вести

Кавадарци доби гимнастичко-моторички парк

Завршен е и веќе е во функција  гимнастичко-моторичкиот парк, што е во рамки на градскиот парк Кавадарци, кој ја прошири понудата за слободни простори за забава и е наменет буквално за сите. За ова денеска информираа од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Кавадарци, 23 ноември 2022 (МИА) – Завршен е и веќе е во функција  гимнастичко-моторичкиот парк, што е во рамки на градскиот парк Кавадарци, кој ја прошири понудата за слободни простори за забава и е наменет буквално за сите. За ова денеска информираа од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Изведувач на работите беше Изолација ДОО Скопје.
Од Кабинетот на Јанчев соопштија дека во тек е изградбата на ново детско игралиште во село Сопот.
– Во моментов се врши бетонирање, по што следи поставување гумена подлога и монтирање на реквизити. Изведувач е АС машини ДООЕЛ Кавадарци, информираа од Кабинетот на градоначалникот. свд/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close