Дописници МКДОпштествоОпштински вести

„И ние сме уметници“ – изложба на ученици со попреченост во ОУ „Лирија“ Тетово

Уметничка Галерија Тетово во соработка со ОУ „Лирија“  по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби организираа изложба како завршна активност во рамки на ликовна работилница посветена наменати за учениците со попреченост. Покрај изложбата имаше и пригодна културно-уметничка програма посветена на меѓународниот ден.

Тетово, 3 декември 2021 (МИА) – Уметничка Галерија Тетово во соработка со ОУ „Лирија“  по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби организираа изложба како завршна активност во рамки на ликовна работилница посветена наменета за учениците со попреченост. Покрај изложбата имаше и пригодна културно-уметничка програма посветена на меѓународниот ден.

-Беа изложени делата на учениците создадени за време на оваа работилница со наслов „И ние сме уметници“ со испраќање на пораки кои ќе го сензибилизираат поголемото почитување и пристапот за лицата со попреченост.  Овој сега веќе традиционален настан во Уметничката галерија во Тетово се организира за да се подигне свеста на граѓаните дека оваа категорија треба да ужива еднакви права како и сите деца во светот, истакна Бехар Ферати од Уметничка Галерија.

Уметниците од галеријата во изминатиот период од месец и половина заедно со дефектолозите работеа со учениците со посебни потреби да создадат уметнички дела.ас/лв/

 

Back to top button
Close
Close