0_Македонија.ПорталОпштество

„Итно копче – технологија која спасува животи“ – проект на Фондацијата Телеком и Црвениот крст за поддршка на повозрасната популација

По повод 17 мај – Денот на телекомуникациите, преку проектот „Итно копче“ се обезбедува сигурност и поддршка на лица постари од 65 години. Корисниците ќе можат да го алармираат тимот на Црвениот крст во ситуација кога итно им е потребна помош, преку уред кој секогаш ќе го носат со себе, со едноставно притиснување на копче.

Скопје, 17 мај 2022 (МИА) – Фондацијата Телеком за Македонија и Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска најавија проект за поддршка на повозрасната популација, со помош на технологијата.

По повод 17 мај – Денот на телекомуникациите, преку проектот „Итно копче“ се обезбедува сигурност и поддршка на лица постари од 65 години. Корисниците ќе можат да го алармираат тимот на Црвениот крст во ситуација кога итно им е потребна помош, преку уред кој секогаш ќе го носат со себе, со едноставно притиснување на копче.

-Тимот е составен од обучени лица кои можат да пружат прва помош, прва психолошка помош или веднаш да ги транспортираат корисниците до релевантните институции, во зависност од случајот. Итно копче им пружа помош на корисниците 24 часа на ден, седум дена во неделата, информираат од Фондацијата Телеком за Македонија

Со овој проект, за почеток ќе бидат опфатени 110 корисници од Скопје, кои живеат сами и имаат потреба од итна реакција. ки/лв/

Back to top button
Close
Close