0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Италијаската федерација сè уште не планира да го одложи натпреварот од Суперкупот меѓу Интер и Јувентус

Екипите на Интер и Јувентус се за одложување на натпреварот за Суперкупот на Италија. Двата клуба веќе испратиле заедничко барање до раководството на Серија А, објави „Ла газета дело спорт“.

Рим, 1 јануари 2022 (МИА) – Екипите на Интер и Јувентус се за одложување на натпреварот за Суперкупот на Италија. Двата клуба веќе испратиле заедничко барање до раководството на Серија А, објави „Ла газета дело спорт“.

Причина за барањето на италијанските фудбалски великани е усложнувањето на состојбата со коронавирусот во земјата.

Одговорот на официјалните лица вели дека лигата и федерацијата ја држат ситуацијата под контрола, но засега не гледаат потреба од промена на натпреварувачкиот календар.

Натпреварот Интер – Јувентус е закажан за 12 јануари на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close