0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Истражниот центар при ОЈО Скопје почнува да функционира, во тек е набавка на опрема

Истражниот центар при ОЈО Скопје полека почнува да функционира - има истражители и во тек е набавка на потребната опрема за форензика и финансиски истраги. Во функција веќе е ставен сериозен дел и до крајот на годината се очекува истражниот центар да биде 80 проценти функционален.

Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) – Истражниот центар при ОЈО Скопје полека почнува да функционира – има истражители и во тек е набавка на потребната опрема за форензика и финансиски истраги. Во функција веќе е ставен сериозен дел и до крајот на годината се очекува истражниот центар да биде 80 проценти функционален.

Како што информираат на денешниот брифинг во ОЈО Скопје, работата на истражниот центар во најголем дел се однесува на истраги од економски и финансиски криминал, кои се работат самостојно од истражителите и обвинителите кои постапуваат по предметите, а доколку е потребна асистенција се бара помош и од МВР и Управата за финансиска полиција.

– Обезбедени се солидни простории. Комуникацијата меѓу истражителите и обвинителите е зголемена и тоа веќе се гледа за одредени предмети, како што е со предметот за болницата Жан Митрев, каде целосно ја работат истражителите од ОЈО Скопје, посочуваат од ОЈО.

Во следните месеци, како што најавија на брифингот, во план е да се донесат истражители, односно стручни лица од областа на финансиски и компјутерски криминал и форензика.

Платите за овие нови истражители и стручни соработници не се проблем, бидејќи најчесто станува збор за преземање на вработени од МВР и Финансиска полиција.

Во нашата земја нема многу вакви истражни центри во рамки на обвинителствата и станува збор за неколку, како што се во ОЈО ГОКК и ОЈО Скопје. аа/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close