0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Историски најголем буџет на МНР за 2022 година

Една милијарда и шестотини и педесет милиони денари, или околу 27 милиони евра, што преставува зголемување од 28 проценти, односно нешто над 360 милиони денари, или околу шест милиони евра повеќе од лани, изнесува буџетот на Министерството за надворешни работи што е предвиден за 2022 година којшто, како што информираше шефот на дипломатијата Бујар Османи, претставува историски најголем буџет на МНР во последните години.

Скопје, 28 ноември 2021 (МИА) – Една милијарда и шестотини и педесет милиони денари, или околу 27 милиони евра, што преставува зголемување од 28 проценти, односно нешто над 360 милиони денари, или околу шест милиони евра повеќе од лани, изнесува буџетот на Министерството за надворешни работи што е предвиден за 2022 година којшто, како што информираше шефот на дипломатијата Бујар Османи, претставува историски најголем буџет на МНР во последните години.

На прес-конференцијата по повод претставување на буџетот на МНР предвиден за 2022 година, Османи, напомена дека овие средства ќе бидат наменети за издатоците поврзани со пополнување на сите испразнети амбасадорски места, доекипирање на амбасадите и конзулатите со дополнителен дипломатски кадар, а во овие средства се влезени и издатоците за економските советници во амбасадите, но и зајакнување на кадарот за комуникација со дијаспората.

Покрај редовната дипломатска активност, како што соопшти Османи, во следната, 2022 година, Северна Македонија ги започнува и обврските поврзани со претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, процес кој суштински трае три години, почнувајќи за нешто повеќе од еден месец, на 1 јануари следната година.

За оваа намена во буџетот за 2022 година предвидени се околу 110 милиони денари, или без малку 1,8 милиони евра. Соодветно на преземените обврски за претседавањето со ОБСЕ, во 2022 година предвидено е да се упатат над 15 лица во мисијата во Виена, кои ќе работат и на нашата улога во рамките на претседавачкото трио, но, и ќе се подготват за финалното преземање на претседателството со ОБСЕ во 2023 година.

Само да напоменам дека за самото претседавање во 2023 година, дополнително уште од сега се мапирани нови осум милиони евра, но тоа е ставка која ќе биде дел од буџетот за 2023 година, дополни Османи.

Во зголемувањето на буџетот влегува и преземената обврска согласно одлуката на Владата која одобри повеќегодишните буџетски средства во висина до пет милиони евра, за реализација на активности на повеќе дипломатски и конзуларни имоти.

Од МНР велат дека се работи за имотите во Цирих, Атина, Канбера, Будимпешта, Бразилија и Анкара, односно, онаму каде што е утврдено дека поради неопходната потреба од реконструкции, реновирања и потребни адаптации, веќе подолго време имотите не се користат за потребите на дипломатско конзуларната мрежа.

Реализацијата на овие капитални инвестиции, како што велат од МНР, понатаму ќе обезбеди заштеди на годишните трошоци кои сега се одвојуваат за наемнини и други редовни трошоци. ар/нд/

Таг
Back to top button
Close
Close