СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Иранските безбедносни сили распоредени на универзитетите

-Има многу безбедносни сили околу Универзитетот во Техеран, па дури и се плашам да го напуштам кампусот, бидејќи има многу полициски комбиња кои чекаат надвор за да уапсат студенти, изјави студент во Техеран.

Техеран, 5 октомври 2022 (МИА) – Иранските безбедносни сили се распоредени на универзитетите во неколку градови, обидувајќи се да ги задушат двонеделните протести предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини во просториите на морална полиција.

Очевидци наведуваат дека полицијата е распоредена токму во местата каде што се разгоре бунтот – во градовите Урмија, Табриз, Рашт и Техеран, а особено околу универзитетите кои беа во фокусот на протестите во последните денови, јавуваат британските медиуми.

-Има многу безбедносни сили околу Универзитетот во Техеран, па дури и се плашам да го напуштам кампусот, бидејќи има многу полициски комбиња кои чекаат надвор за да уапсат студенти, изјави студент во Техеран.

На видеата објавени на социјалните мрежи, може да се видат средношколки во Техеран како ги вадат шамиите и извикуваат „смрт за Хамнеи“ (врховниот ирански верски лидер).

Националните немири предизвикани од смртта на Амини станааа најголемиот предизвик за иранските лидери во последните години, при што демонстрантите повикуваат на пад на исламската република, основана во 1979 година.

Групите за човекови права наведуваат дека илјадници Иранци се уапсени, а стотици повредени во акцијата на безбедносните сили, вклучувајќи ја и милицијата Басиџ, доброволна милитантна организација поврзана со иранската Револуционерна гарда. сд/

Back to top button
Close
Close