0_Македонија.ПорталОпштество

Ин мемориам

По кусо боледување, вчера на 95-годишна возраст почина Ратка Бакалиноска, првоборец и носител на Партизанска споменица 1941 година за учество во Народноослободителната борба (НОБ), и одликувана со повеќе ордени и признанија на републичко и сојузно ниво.

Скопје, 26 јануари 2022 (МИА) – По кусо боледување, вчера на 95-годишна возраст почина Ратка Бакалиноска, првоборец и носител на Партизанска споменица 1941 година за учество во Народноослободителната борба (НОБ), и одликувана со повеќе ордени и признанија на републичко и сојузно ниво.

Родена е во Битола, каде завршила основно образование, а пред завршување на гимназија се пријавува во партизанските редови за борба со фашистичкиот окупатор.

По ослободувањето, завршува гимназија и дипломира на Филолошкиот факултет во класата на проф. д-р Блаже Конески.

Во текот на работниот век извршувала голем број општествени функции на републичко и сојузно ниво, меѓу кои помошник-министер за информации, советник на министерот за информации на СРМ, член на Републички комитет за меѓународни односи, на Советот на Радио Скопје и на други комитети на републичко и сојузно ниво.

Посмртните останки ќе бидат погребани во Алејата на великаните на Градските Гробишта Бутел.тм/лв/

Back to top button
Close
Close