Дописници МКДОпштински вести

Информативна сесија за Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ за граѓанските организации во Гостивар

Тимот на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ попладнево одржа информативна сесија во Гостивар. На претставниците на невладини организации и здруженија им беше претставен механизмот на граѓанска отпорност на ЕУ и повикот за предлози.

Гостивар, 5 октомври 2022 (МИА) – Тимот на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ попладнево одржа информативна сесија во Гостивар. На претставниците на невладини организации и здруженија им беше претставен механизмот на граѓанска отпорност на ЕУ и повикот за предлози.

– Европската унија обезбедува 900.000 евра за поддршка на малите локални граѓански организации. Оваа поддршка од ЕУ ќе ги зајакне капацитетите на организациите и ќе овозможи успешно да ги спроведат своите активности за навремено да одговорат на потребите на нивните заедници, рече Зинта Миезаине, лидер на тимот на проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.

Учесниците на сесијата се интересираа за условите за добивање на поддршка преку Механизмот за граѓанска отпорност,  што претставува директна поддршка за граѓанските организации, и добија насоки како да ги поднесат своите предлози и кои услови треба да исполнат за да се квалификуваат на повикот.

На сесијата беше нагласено дека ќе биде отворен до 15 ноември 2022 година. Претходно вакви сесии се одржаа во Битола и Охрид, а ќе следуваат во Струмица, Кавадарци, Кочани и Куманово.

Проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ е финансиран од Европската Унија и имплементиран од CPM Consulting International.згм/см/

 

Back to top button
Close
Close