Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Интернационалната полициска асоцијација – Регион Охрид донираше пакети со храна за 33 социјално загрозени семејства

Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, денеска на 33 социјално загрозени семејства од градот им донираше социјални пакети со прехранбени производи.

Охрид, 28 јануари 2022 (МИА) – Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, денеска на 33 социјално загрозени семејства од градот им донираше социјални пакети со прехранбени производи.

Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше реализирана со помош на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид.

На овој начин, членовите на Интернационалната полициска асоцијација Охрид, ја покажаа својата хуманост, што ќе биде постојана во натамошното работење и ќе се реализира и во Струга, Кичево и Дебар, како подрегиони на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид.

Интернационалната полициска асоцијација е независно тело составено од членови на полициската служба, без разлика дали се во активна служба или пензија, и без разлика на ранг, пол, раса, боја, јазик или религија. Нејзина цел е создавање обврска кон пријателство и промоција на меѓународна соработка врз основа на начелата утврдени во Декларацијата за човекови права усвоена од страна на Генералното собрание на ОН во 1948 година, под мотото „Служиме нз пријателство“.аб/цр

Таг
Back to top button
Close
Close