Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Иницијатива за инсталирање фотоволтаици во Селскиот дом „Белчица” и околните куќи

Во селскиот дом „Белчица” кичевско, наскоро ќе се поставаат фотоволтаици. Овој проект е предвиден да се реализира заеднички од Здружението за развој на село Белица Кичевско и Здружението Еко-свест. Освен селскиот дом фотоволтаици за производство на електрична енергија е најавено дека ќе се поставаат и во повеќе куќи.

Кичево, 28 ноември 2021 (МИА) – Во селскиот дом „Белчица” кичевско, наскоро ќе се поставаат фотоволтаици. Овој проект е предвиден да се реализира заеднички од Здружението за развој на село Белица Кичевско и Здружението Еко-свест. Освен селскиот дом фотоволтаици за производство на електрична енергија е најавено дека ќе се постават и во повеќе куќи.

– Во соработка со Здружението Еко-свест, кои изработија проект за поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија, најпрво на „Беличка палата“ а потоа и на повеќе куќи во селото, на кои има можност да бидат инсталирани вакви системи. Проектот е во фаза на изработка, а преку Здружението Еко-свест ќе се обезбедат средства од Европските фондови за заштита на животната средина, истакна Раде Момироски, еден од главните иницијатори за реализација на овој проект во село Белица.

Момироски нагласи дека Здружението за развој на месната заедница село Белица, работи долгорочно и во повеќе правци и се крајно благодарни на секоја подадена рака од било која страна. Таквата помош дава дополнителна мотивација уште поактивно да се работи за да се дојде до посакуваните резултати, вели тој.

Инаку, како што наведе Момироски, помагатели од селото донирале материјали, мебел и парични средства, со што помогнале од руина поранешната зграда на училиштето да се претвори во вистинска палата. за/оџ/

 

 

 

Back to top button
Close
Close