Дописници МКДОпштински вести

Иницијатива за именување улица во чест на народниот уметник Димитар Узунски

Советничката група на коалицијата „Обнова за Македонија" покрена иницијатива за именување улица во чест на неодамна починатиот народен уметник и фолклорист Димитар Узунски.

Делчево, 2 декември 2021 (МИА) – Советничката група на коалицијата „Обнова за Македонија” покрена иницијатива за именување улица во чест на неодамна починатиот народен уметник и фолклорист Димитар Узунски.

Иницијативата е доставена до градоначалникот на Делчево.

-Бараме да биде именувана една улица во центарот на Делчево по народниот уметник Димитар Узунски, во чест на неговото долгогодишно творење. Тој придонел многу за нашата општина како учител, наставник, играорец и претседател на „Копачка”, по чија заслуга орото во 2014 година стана дел од УНЕСКО, се вели во иницијативата на советничката група.

Советничката група очекува овој предлог да се најде на дневен ред на следната седница на Советот на Општина Делчево, закажана за идниот петок.

Димитар Узунски почина на 23 ноември 2021, а во негова чест членовите на фолклорната група „Копачка” подготвуваат Спомен соба во неговиот дом во село Тработивиште. вс/мч/

Back to top button
Close
Close