Дописници МКДКултураКултура.Портал

Импресивен настап на битолскиот Театар на европски фестивал во Темишвар

Со долготраен аплауз и овации, синоќа во романскиот град Темишвар е награден ансамблот на НУ Народен театар-Битола чии актери ја изведоа претставата History of motherfuckers по Кориолан од Вилијам Шекспир во режија на Андраш Урбан.

Битола, 24 мај 2022 (МИА) – Со долготраен аплауз и овации, синоќа во романскиот град Темишвар е награден ансамблот на НУ Народен театар-Битола чии актери ја изведоа претставата History of motherfuckers по Кориолан од Вилијам Шекспир во режија на Андраш Урбан.

Од НУ Народен теара-Битола информираат дека битолските актери Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски, по завршувањето на претставата невообичаено долго останале на сцената поздравени од домашната публика.

На регионалниот театарски европски фестивал во Темишвар годинава настапуваат ансамбли и театарски групи од Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Данска, Франција, Хрватска и Србија, а македонскската театарска сцена ја претставува НУ Народен театар-Битола со претставата која е одиграна на повеќе сцени во земјава и странство. мт/дма/

Back to top button
Close
Close