0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Имобиле: Враќањето на Лукаку во Интер ќе го подигне нивото на италијанскиот шампионат

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле го коментираше можното враќање на напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку во Интер.

Рим, 26 јуни 2022 (МИА) – Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле го коментираше можното враќање на напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку во Интер.

– Доколку Ромелу се врати, нивото на италијанското првенство ќе се зголеми, а јас ќе продолжам да се трудам да го покажам мојот најдобар фудбал, изјави Имоли за „Фудбал Италија“.

Дваесет и деветгодишниот Лукаку кој е фудбалер на Челзи е пред враќање во Серија А. Белгиецот веќе играше за Интер од август 2019 до август 2021 година. Заедно со тимот стана шампион на Италија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close