Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Илијев: Во Кочани реализиравме проекти повеќе од кога било, тоа е мотив да продолжиме посветено, чесно и и одговорно

На крајот од кампањата пред вториот круг на Локалните избори изразувам благодарност за безрезервната поддршка од мнозинството граѓани кои ја препознаваат нашата заложба за продолжување на развојот на Кочани, со повик да градиме пријателство, верба и разбирање, истакна на завршната прес-конференција кандидатот за градоначалник Николчо Илијев од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

Кочани, 29 октомври 2021 (МИА) – На крајот од кампањата пред вториот круг на Локалните избори изразувам благодарност за безрезервната поддршка од мнозинството граѓани кои ја препознаваат нашата заложба за продолжување на развојот на Кочани, со повик да градиме пријателство, верба и разбирање, истакна на завршната прес-конференција кандидатот за градоначалник Николчо Илијев од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

-Работевме со огромна љубов и посветеност, чесно и одговорно – Кочани да биде пристојно место за живеење на сите. Она што го реализиравме, а сработивме повеќе од кога било е најсилниот мотив заеднички да продолжиме и понатаму. Да изградиме Дом за стари и изнемоштени лица, нов булеварски влез во Кочани и сообраќајни решенија што ќе го олеснат движењето на сите. Да создадеме зелени естететски и функционални целини во сите делови на општината, со урбанистички решенија да градиме поквалитетни услови за живот и стопанисување. Најважно од сѐ е да продолжиме да градиме мостови на пријателство, на верба и разбирање меѓу нас, жителите на Кочани. Нема проект што вреди повеќе од мирот и соживотот во нашата општина, нагласи Илијев.

Во обраќањето до јавноста, заедно со членовите на општинскиот Совет од стариот и од новиот состав, тој повика да се задржи човечноста, и на мирен и достоинствен начин да се спроведе вториот круг од изборите, а гласачите да ја потврдат неговата предност во освоени гласови од првиот круг.та/см/

Back to top button
Close
Close