Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Илиевски на средба со коалициските партнери- На 31-ви сме убедливи победници

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски, денеска оствари средба со коалициски партенри на СДСМ од каде порача дека се обединуваат за доброто на Куманово. Тој се сретна со претставници од ЛДП, ДУИ, НСДП, БЕСА, Партија на пензионери, ПДПР, ПЦЕР, Турска Народна партија, Партија за движење на Турците, Српска странка на Македонија. Целта на коалицијата со поддршката на граѓаните, вели Илиевски е модерно Куманово и подобар живот на граѓаните.

Куманово, 23 октомври 2021 (МИА) –  Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски, денеска оствари средба со коалициските партнери на СДСМ од каде порача дека се обединуваат за доброто на Куманово. Тој се сретна со претставници од ЛДП, ДУИ, НСДП, БЕСА, Партија на пензионери, ПДПР, ПЦЕР, Турска Народна партија, Партија за движење на Турците, Српска странка на Македонија. Целта на коалицијата со поддршката на граѓаните, вели Илиевски е модерно Куманово и подобар живот на граѓаните.

– Се обединуваме за доброто на Куманово! ЛДП, ДУИ, НСДП, БЕСА, Партија на Пензионери, ПДПР, ПЦЕР, Турска Народна партија, Партија за движење на Турците, Српска странка на Македонија, голем е коалицискиот потенцијал на СДСМ! Нашата заедничка цел е зелен и модерен град, со квалитетен живот за сите наши сограѓани. Затоа како СДСМ и коалиција, заедно со граѓаните, на 31-ви сме убедливи победници, порача Илиевски. ам/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close