Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Илиевски на еко акција – За чисто и зелено Куманово и реконструиран стадион со капацитет од 5.000 гледачи

Кандидатот на СДСМ за Куманово,Оливер Илиевски учествуваше на еколошка акција во организација на СДММ - Куманово која се реализираше на градскиот стадион.

Куманово, 20 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот на СДСМ за Куманово,Оливер Илиевски учествуваше на еколошка акција во организација на СДММ – Куманово која се реализираше на градскиот стадион.

Тој истакна дека стадионот е во запуштена состојба и е мини депонија. Според Илиевски, покрај зелената агенда на СДСМ и коалицијата, во неговата програмска понуда е зацртано и целосното реконструирање на градскиот стадион, како директна поддршка за младите и спортот во Куманово.

-После многу години, Владата предводена од СДСМ го врати градскиот стадион во владение на Општина Куманово, и истиот заедно ќе го реконструираме, како дел од нашата најдобра понуда, изјави Илиевски.

Ваквата определба на СДСМ, додаде, е најдобрата понуда за младите, со креирање можности за квалитетен живот и за реализирање на нивните спортски амбиции. Илиевски истакна дека проектот предвидува три трибини со капацитет од 5.000 гледачи.

-На 31-ви победуваме за современ градски стадион со три трибини, со капацитет од 5 000 гледачи – полигон од кој ќе произлезат нови кумановски фудбалски ѕвезди, рече Илиевски. ам/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close