0_Web_АктуелноДописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Илиевски му ја честиташе победата на Димитриевски за градоначалничката позиција во Куманово

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата за Куманово Оливер Илиевски на вечерашнава прес-конференција му ја честиташе победата на независниот кандидат Максим Димитриевски и посака градот да го води со повеќе инвестиции и проекти.

Куманово, 31 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата за Куманово Оливер Илиевски на вечерашнава прес-конференција му ја честиташе победата на независниот кандидат Максим Димитриевски и посака градот да го води со повеќе инвестиции и проекти.

Илиевски во изјавата за медиумите се заблагодари на граѓаните што излегоа на гласачките места и што процесот помина во фер и демократска атмосфера.

Тој кажа дека се пребројани гласовите, но се неофицијални и се добиени од изборниот штаб на СДСМ. Порача уште еднаш Куманово да го управуваат со добри проекти и нагласи дека неговата програма им стои на располагање.

Одговарајќи на новинарски прашања дали се прават комбинации за Советот на општина Куманово, Илиевски напомена дека Димитриевски заедно со коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ААА имаат 17 советника што е мнозинство во Советот на општината, но тоа ќе остане тие сами да си ја договараат коалицијата. ам/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close