Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Илиевски: Модерен плоштад и нови фасади за центарот на Куманово

Куманово ќе добие пешачка зона, боемска улица, енергетско-ефикасни фасади во централното градско подрачје, најави на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ Оливер Илиевски.

Куманово, 27 октомври 2021 (МИА) – Куманово ќе добие пешачка зона, боемска улица, енергетско-ефикасни фасади во централното градско подрачје, најави на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ Оливер Илиевски.

На улиците „Илинденска“ и „Кирил и Методиј“ ќе се паркираат исклучиво жителите од централното градско подрачје. За центарци, рече Илиевски, е предвидена и подземна инсталација, енергетско-ефикасни фасади, нов модерен, плоштад, реконструирана подземна инфраструктура.

– Станува збор за амбиентална пешачка зона во која граѓаните ќе доживеат една друга страна на градот. Улицата ќе биде во староградски амбиент, хортикултурно уредена со естетско зеленило, со нова урбана опрема и постоечкото улично осветлување ќе биде збогатено со канделабри, изјави Илиевски.

За дел од централното градско подрачје во програмата на СДСМ за Куманово е предвидена подземна инсталација, висечките кабли од операторите, целокупната надземна инсталација ќе биде ставена под земја. Центарци ќе добијат и реконструирана водоводна и друг вид инфраструктура низ улиците. Тој најави дека општината ќе ја плати постапката за подземниот катастар и не се предвидени никакви трошоци на правните субјекти. На повеќе улици од централното градско подрачје зградите ќе добијат нови енергетско-ефикасни фасади.

Одговарајќи на новинарски прашања, Илиевски рече дека планира да се задржи автентичната архитектура на старите згради во централното градско подрачје.- На овој начин центарот на градот ќе добие нов лик, со кој сите ќе се гордееме и ќе уживаме, рече Илиевски.

Проектот за поврзување на двата плоштади е најважен за секојдневието на кумановци, смета Илиевски. За таа цел е предвидено од општинскиот буџет да се одвојат 1, 5 милиони евра, а останатите средства ќе се обезбедат од централната власт.

– Време е сите заедно да си го изградиме Куманово, онака како што треба да изгледа модерен и европски град, доста е од губење време, изговори и празни зборови. Време е да се покажеме со дела, време е да дојде најдоброто за Куманово, рече Илиевски. ам/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close