Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Илиевски: Бесплатен паркинг за центарци во Куманово, три катни гаражи, модерно шеталиште

Бесплатен паркинг за центарци од Куманово, најави кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски, на денешната прес-конференција. Тој рече дека монтажната катна гаража ќе се пренесе на друга локација, а во центар ќе се гради подземна гаража.

Куманово, 22 октомври 2021 (МИА) – Бесплатен паркинг за центарци од Куманово, најави кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски, на денешната прес-конференција. Тој рече дека монтажната катна гаража ќе се пренесе на друга локација, а во центар ќе се гради подземна гаража.

– Се наоѓаме во центарот на градот, срцето на Куманово. Еден од главните приоритети во наредниот мандат е уредување на центарот. Се наоѓаме пред монтажниот објект, наречен катна гаража кој ќе биде отстранет на 31 октомври. Сообраќајниот метеж не се решава со привремени монтажи, туку со план и идејни решенија, рече Илиевски.

Во програмата се предвидени три катни гаражи со над 1000 паркинг-места, неопходни за кумановци во работните денови и густината на значајните институции.

– Како градоначалник се обврзувам паркингот за жителите кои живеат тука да биде бесплатен, а една од катните гаражи кои ги предвидуваме ќе биде подземна со 700 паркинг места, со што улиците во овој дел ќе бидат затворени, освен за жителите. Вашиот глас на 31 значи глас за бесплатен паркинг, истакна Илиевски.

Тој вети обнова на фасади на старите згради на повеќе улици, модерно градско шеталиште со спојување на двата плоштади. Илиевски најави и кол центар на кој граѓаните ќе пријавуваат различни проблеми.

– Со реални и остварливи проекти, со финансиска конструкција, со тим од стручни луѓе, со добра волја и комуникација со надлежните министерства, оваа програма ќе стане реалност за Куманово, додаде Илиевски. ам/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close