Дописници МКДЛокални избори 2021ПолитикаПолитички партии

Изјави на кандидатите за градоначалници во Вевчани, Сашо Јанкоски и Спасе Кочовски

Кандидатите за градоначалници на Општина Вевчани од СДСМ и коалицијата Сашо Јанкоски и од ВМРО – ДПМНЕ Спасе Кочовски утрово го остварија своето граѓанско право и гласаа на локалните избори.

Вевчани, 17 октомври 2021 (МИА) – Кандидатите за градоначалници на Општина Вевчани од СДСМ и коалицијата Сашо Јанкоски и од ВМРО – ДПМНЕ Спасе Кочовски утрово го остварија своето граѓанско право и гласаа на локалните избори.

Двајцата противкандидати очекуваат мирен изборен ден и изборите да поминат во најдобар ред.

Кандидатот и актуелен градоначалник Јанкоски, очекува да победи најдоброто во Вевчани, а тоа, според него, е СДСМ.

– Очекувам да победи најдоброто за Вевчани. Мислам дека Вевчанци ќе го направи правилниот избор и дека ќе продолжи онаму каде што заставнавме во моментот, рече Јанкоски по гласањето.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Кочовски, исто така се надева на победа на избориве.

– Очекувам изборите да поминат во најдобар ред и да победи ВМРО-ДПМЕ. Засега гласањето тече мирно, се се одвива во најдобар ред. Излезноста во Вевчани секогаш била висока, очекувам и денеска да биде така и вечерва да славиме победа, изјави Кочовски.

Во Општина Вевчани се гласа во три избирачки места, а право на глас имаат 2 075 гласачи. сс/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close