Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Изјава на Ѓорѓи Билески, кандидат за градоначалник на Кичево

Кандидатот за градоначалник на Кичево од партијата „Македонска ера трета“ Ѓорѓи Билески гласаше во село Лазоровци, од каде што упати апел до граѓаните.

Кичево, 17 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Кичево од партијата „Македонска ера трета“ Ѓорѓи Билески гласаше во село Лазоровци, од каде што упати апел до граѓаните.

-Овие локални избори очекувам да поминат во духот на демократијата и во мирна и релаксирана атмосфера. Мојата порака е овие избори да донесат прогрес за сите граѓани на Кичево и да се прифати програмата на кандидатот која е најсоодветна за сите избирачи од нашата општина, со што би биле задоволени критериумите на електоратот, изјави Билески. за/хс/

Таг
Back to top button
Close
Close