Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Изјава на Сашко Митовски, кандидат за градоначалник на Општина Крива Паланка

Кандидатот за градоначалник на Општина Крива Паланка од СДСМ и коалицијата Сашко Митовски денеска го искористи правото на глас за Локалните избори.

Крива Паланка, 17 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Крива Паланка од СДСМ и коалицијата Сашко Митовски денеска го искористи правото на глас за Локалните избори.

Митовски посака мирен изборен ден и одлука на гласачите за натамошен развој на општината.

-Денеска на овој убав ден кривопаланчани имаат можност да го продолжат патот на прогресот што се случуваше во изминатиот период. Со масовната излезеност и најголемата излезеност во државата до 10 часот верувам дека кривопаланчани ќе донесат мудра одлука и ќе препознаат што се случуваше во изминатиот период и ќе дадат импулс за наредниот период Крива Паланка да продолжи со развојот. Посакувам мирен изборен ден и ден во кој кривопаланчани ќе донесат мудра одлука и одлука со која ќе продолжиме да го трасираме патот на развојот на Крива Паланка. Им посакувам среќа на моите противкандидати и верувам дека кривопаланчани ќе донесат мудра одлука, изјави Митовски.ид/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close