0_Web_Насловна-слајдерВидео изјаваДописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Изјава на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев

Македонската демократија е пред уште една победа. Денеска сведочиме на фер, слободни и демократски избори, впрочем како што и личи на една земја членка на НАТО и аспирант за членство во Европската унија, рече денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по гласањето на локалните избори на избирачкото место 1730 во Струмица.

Струмица, 17 октомври 2021(МИА) – Македонската демократија е пред уште една победа. Денеска сведочиме на фер, слободни и демократски избори, впрочем како што и личи на една земја членка на НАТО и аспирант за членство во Европската унија, рече денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по гласањето на локалните избори на избирачкото место 1730 во Струмица.

Додаде дека граѓаните знаат колку се важни овие локални избори затоа што се врзани со секојдневието на граѓаните, со нивниот живот, семејства и со нивните секојдневни потреби.

– Затоа, верувам дека ќе ги изберат најдобрите советници и градоначалници. Драго ми е што кампањата помина со доминантно присуство на позитивната атмосфера, наместо негативната атмосфера. Драго ми е што имавме навистина европска изборна кампања и верувам дека и денеска ќе имаме европски изборен ден, кадешто доминираа проектите, програмите, наспроти лажните вести. Во едни такви околности убеден сум дека со овие избори испраќаме уште еднаш порака во каков правец треба да се движи нашата држава и нашите општини, затоа што граѓаните дефинитиво го очекуваат најдоброто за нив, истакна Заев.

Подвлече дека е убеден дека токму на овие избори граѓаните ќе ги потврдат политиките кои се од исклучително значење за државата и општините.

На гласањето во Струмица, премиерот Зоран Заев беше придружуван од сопругата Зорица и ќерката Александра. рт/цр/

Таг
Back to top button
Close
Close