Видео изјаваДописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Изјава на Невзат Бејта, кандидат за градоначалник на Гостивар од ДУИ

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од Демократската унија за интеграција (ДУИ), Невзат Бејта по остварувањето на гласачкото право повика на поголема излезност.

Гостивар, 31 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од Демократската унија за интеграција (ДУИ), Невзат Бејта по остварувањето на гласачкото право повика на поголема излезност.

-Денот на гласање е најубавиот ден за нашите граѓани. Денес нашите граѓани одлучуваат за иднината на Гостивар, дали Гостивар ќе оди напред или ќе се враќа назад. Затоа ги повикувам сите гласачи да излезат што помасовно и да гласаат за иднината и доброто на Гостивар, изјави Бејта.

Тој во одговор на новинарско прашање најави дека по преземањето на функцијата меѓу првите работи за кои ќе се зафати се хигиената во градот и чистење на дивите депонии и трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња. згм/ев/

Back to top button
Close
Close