0_Web_АктуелноДописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Изјава на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села

Победа на опозицијата и отворање ново поглавје за управување со локалната власт, што ќе биде поблиску до граѓаните, управување без корупција, менаџмент што ќе го зачува јавниот имот недопрен и свето, и управување што ќе го направи животот подобар за живеење овде во Северна Македонија, очекува лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Струга, 17 октомври 2021 (МИА) – Победа на опозицијата и отворање ново поглавје за управување со локалната власт, што ќе биде поблиску до граѓаните, управување без корупција, менаџмент што ќе го зачува јавниот имот недопрен и свето, и управување што ќе го направи животот подобар за живеење овде во Северна Македонија, очекува лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

По остварувањето на своето Уставно право и давајќи го својот глас за еден од седуммината кандидати за градоначалник на Општина Струга, во струшкото село Ливада, посочи дека ова е ден на избори и сите граѓани се еднакви без оглед на социо-економскиот статус, сите вредат едно.

– Овој ден е моќ што секој ќе мора да го искористи. Денес е денот кога се зборува тивко, но се зборува многу гласно заокружувајќи го кандидатот што мислат. Доколку се задоволни да ги наградат политиките што треба да бидат наградени, во спротивно да ги казнат политичарите, кои треба да бидат казнети и да отворат патишта кон перспектива, промена и различен модел на управување, изјави Села.

Ги повика граѓаните да гласаат што е можно помасовно и да го дадат својот глас за кандидатот што сметаат дека заслужува да ја води општината во наредните четири години.

– Скептиците кои седаат дома ќе треба да знаат дека разочарувањето што го имаат со тоа што остануваат дома може само да го продлабочат. Треба да излезат и да гласаат што е можно помасовно. Како и секој друг, и јас го искористив ова право и посакувам да имаме мирни и фер избори. За жал, се известува дека апаратите за отпечатоци од прсти не работат како што треба. Требаше да се преземат мерки порано, од страна на ДИК и други, апаратите треба да бидат добро тестирани. Но, во секој случај постојат и други можности, истакна Села. сс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close