Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Изјава на кандидатот за градоначалник во Делчево, Горан Трајковски

Кандидатот за градоначалник во Делчево од коалицијата „Најдоброто за нашата општина“, Горан Трајковски кој денеска гласаше на избирачкото место 0578, апелираше граѓаните масовно да излезат на избори бидејки, според него, преку гласањето праќаат порака до идната власт.

Делчево, 17 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник во Делчево од коалицијата „Најдоброто за нашата општина“, Горан Трајковски кој денеска гласаше на избирачкото место 0578, апелираше граѓаните масовно да излезат на избори бидејки, според него, преку гласањето праќаат порака до идната власт.

-Граѓаните на Делчево денеска го избираат седмиот по ред градоначалник. Апелирам до сите граѓани на Општина Делчево масовно да излезат на изборите, да го остварат своето гласачко право затоа што секој глас е важен и граѓаните мора да ја сфата важноста вредноста моќта на својот глас, затоа што со самото избирачко право кое го остваруваат оставаат порака на идната власт во Општина Делчево, рече Трајковски.

Тој изрази надеж дека до крајот на денот процесот ќе помине во фер, демократска и мирна атмосфера.

Со Трајковски на гласање беа и сопругата, како и повозрасната ќерка. вс/мч/

Back to top button
Close
Close