Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Изјава на кандидатот за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски

Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Александар Јовановски гласаше на избирачкото место во поранешниот интернат каде порача дека очекува фер и демократски избори во вториот круг, мирен изборен ден и да победи подобриот.

Кичево, 31 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Александар Јовановски гласаше на избирачкото место во поранешниот интернат каде порача дека очекува фер и демократски избори во вториот круг, мирен изборен ден и да победи подобриот.

-Како и во првиот така и во вториот изборен круг очекувам се да протекне во најдобар ред. Очекувам избирачите по сопствена волја да го дадат својот глас и да одлучат кој ќе ги води во наредните четири години. Повеќето од нив ги знаат моите квалитети и амбиции и нека бидат уверени, ако гласаат за мене, дека нема да ги разочарам и дека Кичево ќе го претвориме во посакувано место за живот, изјави Јовановски по гласањето. за/вј/

Back to top button
Close
Close