Видео изјаваДописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Изјава на кандидатот за градоначалник на Кочани, Николчо Илијев

Кандидатот за градоначалник на Кочани, Николчо Илијев, предложен од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ смета дека изборниот процес е вистинската можност граѓаните на демократски начин да ја изберат новата власт што ќе управува со локалната самоуправа во наредниот мандат.

Кочани, 17 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Кочани, Николчо Илијев, предложен од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ смета дека изборниот процес е вистинската можност граѓаните на демократски начин да ја изберат новата власт што ќе управува со локалната самоуправа во наредниот мандат.

Откако го ствари своето гласачко право на избирачкото место во средното училиште „Љупчо Сантов“, тој оцени дека гласањето се одвива во фер и мирна атмосфера.

– Граѓаните на општина Кочани имаат можност по седми пат да излезат и да гласаат на локалните избори што се организираат во нашата држава. Тоа е убава можност масовно да излезат и на демократски начин да ја изразат својата желба на изборите, бидејќи Кочани и граѓаните го заслужуваат најдоброто, истакна Илијев.

Со оглед што и во изминатите четири години тој ја извршуваше градоначалничката функција, додаде дека очекува да ја добие довербата од граѓаните и во новиот мандат да продолжи реализацијата на почнатите, како и да стартуваат најавените капитални и инфраструктурни проекти во општина Кочани. та/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close