Видео изјаваДописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Изјава на кандидатот за градоначалник за Гостивар,Арбен Таравари

Кандидатот за градоначалник од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Арбен Таравари очекува изборниот ден да помине во најдобар ред.

Гостивар, 17 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Арбен Таравари очекува изборниот ден да помине во најдобар ред.

– Исто како и другите граѓани, денес ја исполнив мојата граѓанска обврска и дојдов да гласам со моето семејство. По една релативно коректна и добра кампања очекуваме резултати што ќе бидат еден печат што го даваат граѓаните. Гледам дека изборниот процес се одвива релативно стабилно со мали исклучоци на инциденти. Се надевам дека така и ќе заврши овој ден. Нека победи оној што ќе добие поголема поддршка од граѓаните. Мислам дека Гостивар заслужува добро раководење, чесни луѓе и чесна екипа за раководење на општината. Во едно сум сигурен, без разлика кој за кого гласал, навечер ќе славиме сите заедно, бидејќи победата ќе биде на гостиварци, изјави Таравари. згм/цр

Таг
Back to top button
Close
Close