Видео изјаваДописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Изјава на кандидатот за градоначалник на Гостивар Фадиљ Зендели

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од редовите на политичката партија Беса, Фадиљ Зендели, по гласањето им порача граѓаните да покажат капацитет за демократска вредност.

Гостивар, 17 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од редовите на политичката партија Беса, Фадиљ Зендели, по гласањето им порача граѓаните да покажат капацитет за демократска вредност.

– Денес граѓаните на нашата општина имаат можност да се изјаснат и да го дадат нивниот глас, со што ќе определат кој ќе владее наредните четири години со општина Гостивар. Секако, гласањето е право и обврска. Обврска затоа што одлучуваат што ќе се случува наредните четири години. Се надевам дека денешниот ден ќе биде мирен и ќе помине во демократска атмосфера. Граѓаните ќе се изјаснат онака како што мислат и сите ние заедно ќе покажеме капацитет и демократски вредности и дека можеме да се соочиме со вакви предизвици како што се локалните избори. згм/хс/

Таг
Back to top button
Close
Close