Дописници МКДЛокални избори 2021ПолитикаПолитички партии

Изјава на Живко Гошаревски, кандидат за градоначалник на Општина Ресен

Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалцијата „Најдоброто за мојата општина“ за Општина Ресен, Живко Гошаревски денеска заедно со семејството го остварија своето право на глас на локалните избори.

Ресен, 17 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалцијата „Најдоброто за мојата општина“ за Општина Ресен, Живко Гошаревски денеска заедно со семејството го остварија своето право на глас на локалните избори.

– Гласавме за континуитет во развојот и просперитетот на нашата општина Ресен и нашата Преспа. Општина отворена за сите. Очекувам фер и демократски избори, како што впрочем се одвиваше целата наша изборна кампања, изјави Гошаревски по гласањето.

Тој ги повика повика граѓаните да го остварат своето право на глас и да го изберат она што е најдобро за Ресен и Преспа.

Во Општина Ресен право на глас имаат 16.378 лица, на 50 избирачки места. сс/цр/

 

Таг
Back to top button
Close
Close