Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Изјава на Елеонора Рашковска, кандидатка за градоначалник на Берово

Очекувам изборите да поминат во мирен ред, а од четворицата кандидати за градоначалник да победи најдобриот. Ова во својата изјава по остварувањето на своето право на глас го истакна кандидатката за градоначалник на Берово од коалицијата „Обнова за Македонија“, Елеонора Рашковска.

Берово, 17 октомври 2021 (МИА) – Очекувам изборите да поминат во мирен ред, а од четворицата кандидати за градоначалник да победи најдобриот. Ова во својата изјава по остварувањето на своето право на глас го истакна кандидатката за градоначалник на Берово од коалицијата „Обнова за Македонија“, Елеонора Рашковска.

– Очекувам мирни избори и да победи најдобриот кој ќе ја води општината во наредните четири години и од Советниката листа исто така да победат најдобрите кандидати, рече Рашковска.

Кандидатката со потесното семејство денеска гласаше на избирачкото место 0001 во Берово. вс/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close